„Една во милион“ – Брејк собра врвни музички имиња за новите песна и спот


Фото: Б. Грданоски

Дарко Гелев‑Брејк кој се чувствува и како музичар и како бизнисмен, вчера ја објави својата најнова песна и видео‑спот „Една во милион“, со што го продолжува својот нов период на активно творештво по неговото враќање на музичката сцена – откако во декември 2024 година се врати со синглот „Оваа песна не знаев да ја напишам“.

Брејк , сопственик на неколку радија, остави трага во македонската поп-музика со хитовите „И после сè“, „Болиш“,„ Во бестрага“, „Само ти“, кои уште се вртат по радио станиците или се преработуваат од други пејачи.

Песната е плод на соработка на врвни музички имиња: музиката е на Никола Перевски, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е од Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот го потпишува повторно Дарко Димитров. Резултатот е современ, префинет звук кој лесно го привлекува вниманието на публиката. Видео‑спотот е дело на Fresh Union, режиран и монтиран од Огнен Шапковски.

Песната и спотот веќе се достапни на сите дигитални платформи и на YouTube.