Една работа што ја имаме во кујната е по валкана од ве-це шолјата, а ретко на кого му текнува редовно да ја чисти
Бактериите што обично се наоѓаат во човечките црева и на човечката кожа, всушност можат да се најдат на многу работи во куќата, и тие доаѓаат таму преку тоа што ги пренесуваме.
Рачката на котелот, на пример, содржи повеќе бактерии отколку тоалетното столче, покажа новата студија. Исто така, утврдено е дека има траги од стафилококи и потенцијално ешерихија коли на славината во бањата, рачките и клучевите.
И далечинскиот управувач од телевизорот и капакот на корпата за отпадоци се меѓу тестираните работи, но се покажа дека повеќето од бактериите се наоѓаат на славината од кујната.
Две илјади возрасни учествуваа во овој експеримент и се покажа дека многумина не чистат редовно работи во куќата што ги допираме кој знае колку пати на ден.
Микробиологот од Универзитетот „Астон“, д-р Џонатан Кокс, вели дека не е изненадувачки што бактериите се наоѓаат на сите овие површини.
“Звучи неверојатно, но ако размислите колку често ги чистите тие површини, ќе биде помалку изненадувачки. Мислам дека тоа само покажува дека едноставно не можеме да се сетиме редовно да чистиме некои работи”, вели тој.