Еден загинат, двајца сериозно повредени во инцидентот во Бирмингем
Еден маж е убиен, а маж и жена се сериозно повредени во серијата напади со нож во Бирмингем, во централна Англија, соопшти денеска полицијата.
„Потврдуваме дека по инцидентите во текот на ноќта започнавме истрага за убиство“, се наведува во соопштението на локалната полиција.
Во нападите, повредени се уште пет лица.
Во текот на ноќта евидентирани се серија инциденти во центарот на Бирмингем, за кои се претпоставува дека се поврзани.
Полицијата се уште не го знае мотивот за нападите.
Претходно полицијата соопшти дека околу 30 минути по полноќ биле повикани за инцидент со прободување во центарот на градот.
„Наскоро потоа беа пријавени голем број други убоди со нож во областа и случајот беше прогласен за голем инцидент“, соопшти полицијата во Вест Мидлендс.