Ѕвездата на „Ривердејл“ топлес во Венеција
Италија– Актерката Лили Рејнхарт, ѕвездата на „Ривердејл“ не крие дека ужива во златниот час во Венеција во сета нејзина слава. Во романтичен момент во Градот на водата, каде што моментално присуствува на 79. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, актерката на „Look Both Ways“ се огласи на Инстаграм со топлес фотографија на која го гледа зајдисонцето од покривот на хотелот. Топлес фотографија предизвика восхит на социјалните мрежи.
„Тоа сум јас, твојата мала Венеција b–“, напиша таа на објавата, која наиде на комплименти од КеКе Палмер и нејзината колешка од Ривердејл, Маделин Печ.
Рајнхарт (25) во Венеција се појави на црвениот килим, а пристигна со брод до хотелот „Екцелзиор“ со драматичен смокинг фустан.
