Џули Круз, која ја пееше главната тема во „Твин пикс“, почина на 65 години


 

Американската пејачка и актерка Џули Круз почина на 65-годишна возраст.

Џули Круз, која има издадено четири соло албуми, е најпозната по соработката со режисерот Дејвид Линч.

Таа е изведувач на песната „Falling“ – насловната тема од ТВ серијата „Твин пикс“ (1990) на композиторот Анџело Бадаламенти, чиј текст го напиша самиот Линч.

Во самата серија Круз ја толкуваше улогата на пејачка која настапуваше навечер во еден локален бар. Таа, исто така, глумеше во долгометражниот приквел од 1992 година Twin Peaks: Fire come with me и третата сезона на серијата во 2017 година.

Круз ја отпеа и „Mysteries of Love“ во „Блу велвет“ на Линч (1986).

Во 2018 година на пејачката ѝ беше дијагностициран лупус.