Џуџето кое го забавуваше Јамал на неговиот роденден: Си ја работиме нашата работа, никој не нè навреди

Роденденската забава на Ламине Јамал за неговиот 18-ти роденден предизвика многу реакции, првенствено затоа што тој ангажираше џуџиња само за забава.
Иако малку се знае за тоа што точно се случило во луксузната вила во Оливела, некои детали сепак стигнаа до јавноста, а јавноста беше згрозена од фактот дека Јамал покани џуџести изведувачи на забавата.
Поради ова, Здружението на луѓе со ахондроплазија и други скелетни дисплазии (ADEE) јавно го осуди потегот на Јамал да ангажира луѓе со џуџест раст како дел од забавна програма.
Сепак, еден од четворицата изведувачи со џуџест раст одлучи да зборува во интервју за емисијата Versio RAC1 на радио станицата RAC1, но под услов на анонимност.
„Никој не нè навреди, оставете нè да работиме мирно. Не разбирам зошто толку многу се зборува за ова. Ние сме обични луѓе кои правиме што сакаме, на сосема легален начин“, рече тој, додавајќи:
„Здружението ADEE нè спречува со години. Тие сакаат да ни забранат да ја работиме работата што ја сакаме, а во исто време, никогаш не ни понудиле работа. Ние сме аниматори и само си ја работиме работата. Зошто не можеме да ја работиме таа работа? Поради нашата физичка градба? Ние не сме циркуски мајмуни. Танцуваме, делиме пијалоци, правиме трикови…“, додаде тој.