Џад Лоу и неговиот син Раф Лоу – нови амбасадори на „Бриони“
Италија– Италијанскиот луксузен бренд за машка облека „Бриони“ ги избра Џад Лоу и неговиот син Раф Лоу за нови амбасадори. И двајцата ќе дебитираат во оваа улога со кампањата за пролет- лето 2022 фотографирана од Крег МекДин.
Татко то и синот Лоу го наследуваат Бред Пит, кој беше амбасадор на брендот од 2019 година. Минатиот април, италијанската компанија за машка облека соопшти дека соработува со актерот и продуцентот, добитник на Оскар, чекор понатаму, со промоција на капсулната колекција на создадена заедно. Тоа беше прв пат Бриони да соработува со амбасадор на колекција, наречена BP Signature.

Колегите – холивудски легенди Пирс Броснан, Ентони Хопкинс и Семјуел Л. Џексон беа претходни амбасадори на Бриони.
-И двајцата имаат силен личен стил и природен талент. Оваа автентичност ги прави совршен спој за да ја одразат модерната визија на Бриони за машка облека, во која разликите на возраста и личноста се потенцирани со заедничката страст за вистинска елеганција. Сите ние во Бриони сме возбудени што работиме заедно со Џад и Раф“, соопштија од брендот.

Џад Лоу доби номинации за неговата улога во хит- филмовите, вклучувајќи ги „Тhe Talented Mr. Ripley’ и ‘Gattaca’. Следно, тој се очекува да глуми во франшизата „’Fantastic Beasts: The Secrets of Dumbledore’ “.
Раф Лоу ја доби својата прва улога во „Repo Men“, објавена во 2010 година. Моментално го снима „Masters of the Air“, нов блокбастер на Apple Studios.