Џос Стоун пак доаѓа во Скопје, како прв изведувач на Скопје Колинг 2026
Суперѕвездата Џош Стоун по девет години пак доаѓа во Скопје, како дел од европската турнеја, на 21 јули, на Страдион на АРМ, во 21 часот, на OPEN AIR концерт, како прв изведувач на Скопје Колинг 2026, соопшти организаторот „Авалон продукција“.
„Ако постои пејачка која во 21 век, покрај непрежалената Ејми Вајнхаус, ја внесе на највозбудлив и најквалитетно можен начин, соул музиката пред сè, а потоа и останатите квалитетни музички правци, тоа е секако Џош Стоун“, велат од организацијата.
Уште од првиот албум “The Soul Sessions” издаден во 2003, кој ја освои престижната Mercury Prize, па до подоцнежните грандиозни Brit Award и Grammy награди, Joss Stone се потврди како планетарна ѕвезда.
„Нејзиниот квалитет (како и фактот дека стана најбогата пејачка на светот до 30 години) ѝ овозможи на Joss да може да прави буквално што сака!И да свири на фестивали како Glastonbury, и да прави турнеи по клубови со кои го обиколи целиот свет, како Total World Tour, која траеше 6 години. Во склоп на таа турнеја, Joss настапи и во Скопје со клупско шоу, и се разбира – планираните 1000 влезници се распродадоа за неколку минути!“, велат од „Авалон“
Влезниците ќе бидат во продажба од четврток (27 ноември) во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk.тоа по следниве цени и категории:
ПАРТЕР – 1.990 денари
ФАН ПИТ – 2.990 денари
Стоун, 2016 настапи во МКЦ, во рамки на „Скопје џез фестивал“, а во Скопје се дружеше и со нашата поп-ѕвезда Каролина Гочева.
