„Џонсон и Џонсон“ ја почна третата фаза од испитувањата за вакцина против Ковид-19


Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ соопшти дека ги започнала испитувањата во фаза три на потенцијална вакцина за новиот коронавирус. Досега вкупно четири потенцијални вакцини ја достигнаа последната фаза на тестирање во САД.

Иако вакцината е зад потенцијалните кандидати на „Фајзер“, „Модерна“ и „АстраЗенека“, таа има некои потенцијални предности доколку се покаже безбедна и ефикасна.

За разлика од другите потенцијални вакцини, кандидатот на компанијата бара само една доза, а не две, што ја олеснува кампањата за имунизација. Исто така, не бара да се чува на екстремно ниски температури за разлика од другите.

„Џонсон и Џонсон“ објавија дека првите дози може да бидат готови „на почетокот на 2021 година“ доколку се докаже дека вакцината е безбедна и ефикасна. Во фаза три, компанијата ќе вклучува 60.000 луѓе на три континенти.