Џонсон: Без договор, не и должиме 42 милијарди евра на ЕУ
Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон изјави дека Велика Британија нема да должи 42 милијарди евра доколку ја напушти Европската унија без договор.
„Мислам дека целата ЕУ разбира дека, ако излеземе без договор, тогаш договорот за 42 милијарди повеќе не важи. Како што многу пати реков, голем дел од тие 42 милијарди ќе ги потрошиме за поддршка на нашите земјоделци и, навистина, за инвестиции во разни полиња“, изјави Џонсон на самитот Г7.
Британските медиуми веќе шпекулираа дека Џонсон ќе го искористи состанокот со претседателот на Европскиот совет Доналдо Туск на маргините на самитот да каже дека Британија ќе плати помалку од десет милијарди евра на ЕУ, доколку нема договор за Брегзит.
„Скај њуз“ наведува дека станува збор за сума од околу 9,8 милијарди евра, додека „Сандеј тајмс“ тврди дека Британија би била обврзана да плати околу 7,5 милијарди евра.
Договорот за исплата на 42 милијарди евра го постигна поранешната британска премиерка Тереза Меј.