Џони Деп заработи 3,5 милиони евра од сликите на славните личности
САД- Џони Деп заработи околу три ипол милиони евра само неколку часа откако ја објави продажбата на своите слики на Инстаграм.
Холивудскиот актер денеска објави дека својата дебитантска колекција „Пријатели и херои“ ќе ја пушти во продажба преку лондонската галерија „Castle Fine Art“.
Сликите се посветени на луѓето кои најмногу го инспирирале во неговата кариера: гитаристот на Ролинг Стоунс, Кит Ричардс, оскаровецот Ал Пачино, иконскиот пејач и текстописец Боб Дилан и холивудската дива од златното доба Елизабет Тејлор.
Сите 780 дела беа продадени за само неколку часа, по цени кои се движеа од 4.000 долари за индивидуални слики до 16.000 долари за колекција.
„Отсекогаш сум ја користел уметноста за да ги изразам своите чувства, да размислувам и да им се оддолжам на оние кои ми значат најмногу – моето семејство, пријателите и луѓето на кои им се восхитувам“, истакна актерот.
Како што вели, секогаш бил опкружен со сликите, но ги чувал за себе.