Џон Леџенд по трет пат стана татко


САД– Поп-ѕвездата и композитор т Џон Леџенд и поранешната манекенка Криси Тајген го добија нивното трето дете, а пејачот веста ја соопшти на концерт.

„Каков благословен ден“, изјави воодушевениот пејач и додаде дека се чувствува полн со енергија и среќа, по непроспиените ноќи со Криси која последните денови од бременоста ги помина во болница.

Неговите обожаватели кои беа на концертот веднаш ја споделија веста на социјалните мрежи.

Леџенд и Тајген веќе се родители на две деца – Мајлс (4) и Луна (6), а радосната вест за третото дете доаѓа откако манекенката го загуби синот Џек во 2020 година во 20-та недела од бременоста. Тогаш се најдоа на мета на бројни критики, а најмногу критикуваше Криси поради споделувањето фотографии со починатиот син. Двојката јавно проговори за својата трагична загуба и тешкиот период во животот во кој и Криси извесно време се препушти на алкохолот.

Тие разговараа со следбениците за нивната желба да имаат трето дете преку медицински потпомогнато оплодување, а по зачнувањето Криси сподели бројни моменти од бременоста на социјалните мрежи.