Џон Батист и Silk Sonic освоија најмногу Греми награди

САД– Мултижанрниот уметник Џон Батист од 11 номинации, ја освои наградата за албум на годината и видео на годината, а а ар-ен-би дуото Silk Sonic zema две од најголемите признанија на церемонијата на Греми наградите во Лас Вегас.
Батист ја доби најважната награда на вечерта за „We Are“, албум инспириран од движењето Black Lives Matter. „Верувам во тоа до срж – не постои најдобар музичар, најдобар уметник, најдобар играч, најдобар актер“, рече Батист.

Silk Sonic, дуо со Бруно Марс и Андерсон Паак, ја освои наградата за песна и снимка на годината за неговиот хит од 1970-тите „Leave the Door Open“.
„Во моментов навистина се трудиме да останеме скромни“, се пошегува Паак додека парот ја добиваше наградата.
За најдобар нов уметник е прогласена Оливија Родриго, 19-годишна пејачка, која ја освои наградата и поп вокал албум и поп соло изведувач. „Ова е мојот најголем остварен сон. Ви благодарам многу“, рече Родриго додека го држеше својот трофеј.
Меѓу другите големи победници беше Крис Стејплтон, кој победи за најдобар кантри албум, најдобра кантри песна и најдобра кантри соло изведба.

Во MGM Grand Garden Arena настапја и Џеј Балвин со Марија Бечера, Џон Батист, браќата Озборн, БТС, Бренди Карлајл, Били Ајлиш, Синтија Ериво, HER, Лејди Гага, Џон Леџенд, Лил Нас Икс со Џек Харлоу, Маверик Сити Музика, Нас, Ајме Нувиола, Лесли Одом, Џуниор, Бен Плат, Оливија Родриго, Силк Соник, Крис Стејплтон, Били Стрингс, Кери Андервуд и Рејчел Зеглер.
Церемонијата на доделување на највисоките музички награди требаше да се одржи во јануари, но беше одложена поради наглото зголемување на бројот на случаи на Kовид-19 и се пресели од Лос Анџелес во арената MGM Grand Garden во Лас Вегас. Илјадници гледачи ја исполнија салата, за разлика од минатогодишниот настан на отворено.
Победниците ги избраа околу 11.000 членови на Академијата.