Џоли го тужела ФБИ за да дознае зошто Бред Пит не бил уапсен поради семејно насилство
САД- Анџелина Џоли е откриена како Џејн До која стои зад анонимната тужба за Законот за слобода на информации во која се бара од ФБИ да ги предаде информациите зошто не го уапсиле Бред Пит откако тој наводно „физички и вербално ги нападнал“ и неа и нивните деца додека патувал на приватен авион „пред неколку години“, пишува Puck News. ФБИ го истражи случајот и одби да поднесе обвинение.
Барањето за ПДИ првпат беше забележано во кратко парче во Politico Playbook минатиот април. Во написот беше објавено дека Џејн До имала невообичаено познат и скап адвокат и дека некои од наводите од ПДИ се проследени со изјавите што Џоли ги дала за нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, од кого таа поднесе барање за развод во 2016 година.
Puck News сега потврди дека Џоли ја поднела тужбата и дека тоа го направила за да дознае зошто Пит не бил уапсен. На 9-ти август, Џоли ја измени жалбата со нови информации што ги дозна од ПДИ минатата година. Во септември 2016 година, истражниот агент „подготви изјава за веројатна причина“ и ја презентираше на помошник американски адвокат во Лос Анџелес. Но, по средбата со тој адвокат, ФБИ одлучи да не подигне обвинение. Сега, Џоли сака да знае зошто.
Таа тврдеше дека Пит „физички и вербално ги нападнал“ неа и нивните деца. Наводно, пијаниот Пит ја однел до задниот дел од авионот и почнал да ја тресе за рамениците, врескајќи: „Го заебаваш ова семејство!“
За време на истиот лет, Џоли тврдеше дека се здобила со повреди од друга физичка пресметка, а приложи и докази во форма на фотографија од нејзиниот лакт. Таа исто така тврдеше дека Пит го фрлил своето пиво над неа.
Во изменетата тужба на Џоли сега се бараат документи поврзани со таа средба меѓу помошникот американски обвинител и ФБИ. Таа бара „нередактирани записи и потврдени докази“, за кои вели дека ФБИ сè уште ги поседува.
Шест години по нивната разделба, разводот на Пит и Џоли останува жесток. Претходно оваа година, Пит ја тужеше Џоли за продажба на нејзиниот удел во нивната заедничка винарија на руски олигарх.