Џиџи , Леонардо и Бредли: Нов љубовен триаголник во Холивуд
Лос Анџелес– Уште се свежи информациите дека Ким Кардашијан (42) можеби се нашла во љубовен триаголник, бидејќи Том Брејди, со кој беше поврзувана во последните неколку месеци, сега е поврзуван со поранешниот ангел на Victoria’s Secret, Ирина Шајк! Да, истата Ирина Шајк, која наводно многу кратко се забавувала со поранешниот на Ким, Канје Вест, откако таа поднесе барање за развод.

Холувуд е збунет од новиот триаголник. Џиџи Хадид и Бредли Купер биле фотографирани како излегуваат заедно од ресторан во Њујорк, што предизвика гласини дека можеби се пар.

Супермоделот Ирина Шајк , која ја дели шестгодишната ќерка Леа со нејзиниот поранешен партнер, Бредли Купер, летово предизвика внимание откако отпатува со Купер и ќерката на одмор во Италија и сподели топлес фотографии. Наводно, со Том Брејди имале отворена врска, и не се знае што за тоа мисли Брејди кој се разведе од супермоделот Гизела Бундхен со кого има две деца, ниту што Купер мисли за врската на Шајк со спортистот Брејди.
