Џесика Честејн ѕвезда на филмскиот фестивал во Маракеш


Маракеш– Џесика Честејн во сребрен ансамбл на Армани го красеше црвениот тепих на церемонијата на отворањето и прикажувањето на „Hit Man“ за време на 20. Меѓународен филмски фестивал во Маракеш , Мароко.

Покрај Честејн, беа присутни и актерите Александар Скарсгард, Вилем Дефо, Тилда Свинтон, Мадс Микелсен и Џоел Еџертон. 

 Оскаровката Честејн воедно претседава со жирито на Филмскиот фестивал во Маракеш, кој ќе се одржи до 2 декември.

Фестивалот, кој генерира илјадници локални работни места и претставува извор на гордост за мароканскиот народ,  е еден од единствените меѓународни фестивали од тој обем каде проекциите и мастер-класите се бесплатни и отворени за јавноста.

 

На отварањето на фестивалот во креација на Балман

Наследувајќи го Паоло Сорентино, Честејн го предводи жирито фестивалот, накој конкурираат четиринаесет филмови .

„Возбудена сум што се враќам на Фестивалот откако последен пат присуствував во 2011 година. Да ми се довери оваа улога е привилегија и со нетрпение очекувам да го прославам неверојатниот глобален талент во светот на кинематографијата“, изјави актерката пред почетокот на фестивалот.

Честејн, која доби Оскар за најдобра актерка со нејзината изведба во „The Eyes of Tammy Faye“, исто така е активист и продуцент. Нејзината компанија со седиште во Њујорк, Freckle Films, ги продуцираше „Memory“, како и „The 355“ и „George & Tammy“. Таа моментално ја развива сериската адаптација на два романи, „Неговиот и нејзиниот“ од Алис Фини и „Училиштето за добри мајки“ од Џесамин Чан.

Со Тилда Свинтон и Изабел Ипер

Мартин Скорсезе кој требаше да присуствува на фестивалоткако официјален покровител на Atlas Workshops, индустриската иницијатива на фестивалот која има за цел да го поттикне и да го поддржи појавувањето на новата генерација марокански, арапски и африкански филмаџии. го откажа учеството од „лични причини“.

Почитуваниот режисер е редовен на фестивалот во Маракеш. Тој претседаваше со жирито во 2013 година и му додели почесна награда на Роберт Де Ниро во 2018 година.