Џенифер Гејтс се омажи со Најел Насар на нејзиниот ранч од 16 милиони долари


САД- Џенифер Гејтс (25) , ќерката на еден од најбогатите луѓе во светот, ко-основачот на „Мајкрософт“ и филантроп, Бил Гејтс- се омажи со егиептскиот професионален јавач на коњи Најел Насар на нејзиниот ранч во Норт Салем вреден 16 милиони долари долари.

Џенифер беше фотографирана како позира со деверуши во венчаница вчера на нејзиниот ранч од 124 хектари во северниот дел на Њујорк. Татко ѝ го купил имотот од 15,82 милиони долари за Џенифер во 2018 година, кратко време откако дипломирала на престижниот универзитет Стенфорд.

За луксузната свадба со гости- ѕвезди, биле потребни неколку недели планирање. Фотографиите што се појавија на почетокот на оваа недела покажаа дека ранчот се трансформирал во раскошно место за венчавки, сложени павилјони, прозорци од подот до таванот, дрвени подови и сцена.

Покрај родителите на 25-годишната Џенифер-Бил (65) и Мелинда Гејтс (57), меѓу присутните биле и братот Рори (22) и сестрата Фиби (19). Свадбата се случи само неколку месеци откако Бил и Мелинда објавија дека се разделуваат по 27 години брак. Нивниот развод беше финализиран на почетокот на август.

Џенифер и Најл (30) се запознаа на натпревар на јавање коњи и се свршија во јануари 2020 година. Во тоа време, Џенифер ја сподели веста на Инстаграм, со фотографија од двајцата на скијачки одмор. „Најел Насар, ти си единствен“, напиша таа.

Најел го претставуваше Египет минатото лето на Олимпијадата во Токио. Џенифер е исто така една од најталентираните јавачки, која беше дел од глобалната турнеја на Лонжин и Лигата на шампионите. Таа се натпреваруваше трки низ САД и во Европа.

Северен Салем  е познат по луксузните ранчови за тренирање на коњи. Тука се наоѓаше и ранчот на славниот починат водител Дејвид Летерман. и Џорџина Блумберг, исто така јавачка, поседува ранч за коњи во близина. Наводно, нејзиниот татко, поранешниот претседателски кандидат и градоначалник на Њујорк,  Мајкл Блумберг, ѝ го купил како подарок. (Фокс Бизнис)