Џек Николсон се врати во јавноста: Снимен е на натпреварот на ЛА Лејкерс
Лос Анџелес- Легендарниот актер и Оскаровец Џек Николсон (86) се појави на натпреварот на неговиот омилен кошаркарски тим Лос Анџелес Лејкерс и го следеше натпреварот од првиот ред. Ова беше прво појавување на Николсон во јавноста од 2021 година, кога тој исто така беше сликан на натпревар покрај синот Реј.
Иако неодамна беше фотографиран од папараците на балконот од неговиот дом во Лос Анџелес во прилично непрепознатливо издание, ова беше прво снимено појавување на Николсон во јавноста по долго време и се чини дека се држи прилично добро со оглед на гласините за неговото нарушено здравје.

Американските медиуми неодамна ги пренесоа изјавите на неговите пријатели кои биле прилично загрижени за Џек.
„Неговата куќа е како замок од кој воопшто не излегува. Луѓето би сакале да излезе барем малку за да видат дали е добро. Тој е во контакт само со неколку блиски роднини и неговиот син Реј , но неговите денови за дружење се зад него“, изјави неодамна извор за странските медиуми.
Последниот филм во кој глумеше беше How Do You Know од 2010 година. Некои извори неодамна рекоа дека Џек се бори со деменција и не може да се сети на стиховите. Сепак, Бил О’Рајли, водител на Fox News, се огласи по изјавата и ја нарече глупост.
“Разговаравме долго време и тој ми постави многу интересни прашања. Ние сме пријатели со децении. Па, тој има 85 години! Но психички е во многу подобра состојба од претседателот на САД”, изјави тој.
Николсон кој беше познат шармер во Холивуд се женеше само еднаш, со Сандра Најт од 1962-1968 година, а имаше долгогодишни врски до Анџелика Хјустон, Сара Флин Бојл и Ребека Брусар. Има шест деца.