Џек Ма се насочува кон земјоделството


Џек Ма започна како учител во училиште и го изгради „Алибаба“, кинескиот „Амазон“, а три години откако Пекинг им објави војна на технолошките фирми, Ма се сврте кон земјоделството.

Откако се обидел да предава во Хонг Конг и Токио, 58-годишникот неодамна инвестирал во нова фарма-технолошка компанија, според извештајот на South China Morning Post, пишува „Бизнис инсајдер“.

Агротехнолошкиот стартап, 1.8 Meters Marin Technologies, е основан на 20 јули во Хангжу, градот каде што е регистрирана и компанијата „Алибаба“. Една од инвестициските холдинг компании на Мао, „Хангжу Дајингтоу“, има 10 отсто удел во стартапот.

Овој нов потфат доаѓа речиси три години откако Џек Ма исчезна од очите на јавноста.

Тој ги налути кинеските власти по говорот во октомври 2020 година во кој го критикуваше кинескиот финансиски регулаторен систем и ги обвини кинеските банки дека работат со менталитет на „заложник“.

Неговите зборови поттикнаа интензивна регулаторна контрола на неговиот бизнис и поширока акција против технолошките фирми во Кина. За време на неговите години на „прогонство“, Ма изгледаше како да патува низ светот додека всушност студирал земјоделско инженерство.

Во октомври 2021 година, Ма беше во Шпанија каде студирал земјоделство и технологија поврзани со еколошки прашања, објави тогаш SCMP, цитирајќи неименуван извор запознаен со распоредот на Ма.

Тој, исто така, отпатувал во Холандија, Јапонија и Тајланд за да студира земјоделско инженерство, според SCMP.

Во мај оваа година, колеџот во Токио објави дека Џек Ма ќе заземе професорска позиција додека студира земјоделство и производство на храна. Ма се пензионираше од „Алибаба“ во 2019 година и седи во одборот на Фондацијата Џек Ма.