Џеј Ло е музичка икона – прати силна модна порака

САД- Џенифер Лопез (52) беше прогласена за музичка икона на доделувањето награди на iHeartRadio. Поп-ѕвездата и актерка доби признание за својата долгогодишна кариера, а Бен Афлек беше во првите редови во публиката во Shrine Auditorium во Лос Анџелес за да ѝ даде поддршка на својата девојка заедно со синот Семјуел и со ќерка ѝ Еми.
Ден потоа медиумите го коментираат гестот на Афлек, со тоа што ги охрабри 10-годишниот син Семјуел и 14-годишната ќерка на Лопез, Еми, да ја гледаат како ја прима наградата.
Сите заедно ја гледаа како доаѓа на сцената во атрактивен маслинесто-зелен фустан со длабоко деколте и проѕирно здолниште.
Наградата е признание за нејзиното влијание во поп-културата, долгогодишната кариера, постојаната застапеност на радиостаниците и големиот број фанови во светски рамки.
Џенифер Лопез ја краси насловницата на мартовското издание на „Icons and Influences“ на престижниот „Ролингстоун“ со неверојатни стилски изгледи од висока мода.
Во насловната приказна, Лопез открива како „ги прекршила сите правила за да стигне до врвот“. Таа вели дека нејзиното мото отсекогаш било „F-k it“. Додека таа се отвораше за нејзиниот пораст на славата, таа „се трудеше да не каже премногу“ за нејзината обновена романса со Бен Афлек.