Џафери: Враќањето на пратениците би било пуч

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва оцени дека секој начин да се свика Собранието освен по одржани избори би бил обид за пуч. Во разговорот за емисијата „Клик плус“ на ТВ21, тој уште изјави дека врз него се правел притисок за повторно свикување на пратениците. Но Џафери не отстапува од неговата веќе соопштена одлука и за него мандатот на досегашниот собраниски состав е веќе завршен.
Во Собранието 35 пратеници од СДСМ, други партии од власта и и од лбанската опозиција поднесоа иницијатива за повторно свикување на распуштеното Собрание. Против овој предлог цврсто е ВМРО-ДПМНЕ, додека ДУИ сѐ уште јасно не се изјаснува. Артан груби за Телма изјави дека Уставниот суд треба да се изјасни за иницијативата на СДСМ.