Двокатен автобус попладнево се запали на булеварот „Киро Глигоров“


Двокатен автобус се запалил околу 15:30 часот на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје. 

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески за МИА информира дека е интервенирано со едно возило и пет пожарникари и дека пожарот е целосно изгаснат. 

Претходно, пожар имаше и на депонијата кај Аква паркот кај салата „Борис Трајковски“ на кој интервенираа 14 пожарникари со седум противпожарни возила.