Двојниот убиец од Австрија пронајден мртов
Пронајдено е телото на Роланд Дрекслер, кој во понеделникот уби две лица во Австрија. Полицијата не соопштува дополнителни детали, но најави прес-конференција за подоцна.
Да потсетиме, неговиот автомобил беше пронајден вчера. Според полициските информации, возилото било откриено во шумата меѓу Арнрајт и Алтенфелден, недалеку од местото на злосторството. Случаен минувач вчераутро го открил автомобилот и веднаш контактирал со полиција. Станува збор за сребрен VW Caddy со регистарски број RO-231EL.
Поради потрагата по убиецот, откажани се сите поворки по повод денот на сите светци во областа. Жителите меѓу Алтенфелден и Арнрајт, каде во понеделникот се случија две убиства, беа замолени да останат во своите домови.
Дрекслер го убил градоначалникот на општина Кирхберг над Дунав, Франц Хофер (64) и уште едно лице. По злосторството објавени се резултатите од обдукцијата; началникот имал три прострелни рани, а смртоносниот истрел бил во главата. Исто така, во истиот дел била погодена и втората жртва.