Двојникот на Вучиќ ги изненади гостите на српската вечер во Скопје – гозба и музика за мерак
Гостите уживаа во ново, гастрономско изненадување за сите трагачи по нови и автентични вкусови, по двете тематски вечери на кои се дегустираа аргентинската и турската кујна
Дотерани и весели гости уживаа една необична српска вечер со пет ѕвездички во центарот на Скопје- Limak Skopje Luxury Hotel беше домаќин на третата тематска вечер која ја сочинуваат разновидни вкусови и мириси, поради влијанијата на различни народи и култури, на врвно избраното мени на кое доминираше месото, како и јадењата од тесто, млечните производи и зеленчукот.
![]()
Гостите уживаа во ново, гастрономско изненадување за сите трагачи по нови и автентични вкусови, по двете тематски вечери на кои се дегустираа аргентинската и турската кујна.
Српската вечер почна, отмено, со уникатен пречек: насмеани, млади, девојки , под будното око на Jелена Костадиновиќ, директор за продажба и маркетинг, облечени во традиционалната српска носија, ги дочекуваа гостите со погача, со звуци на српската музика. Заврши како „свадба“ со песните и ората од нашата младост и сегашност, во изведба на КУД „Кочо Рацин“.

Ѕвезда на вечерта беше Србинот Далибор Голубовиќ, кој во регионалната јавност е познат како „двојникот“ на Александар Вучиќ. Тој со своето обраќање, во стилот на српскиот претседател, ги развесели гостите, кои не пропуштија да се фотографираат со него. Далибор е медицински работник од Белград. Своето слободно време го користи за видеа и имитации. Во српската јавност стана познат по првото видео во кој тој го имитира српскиот претседател кое за краток период стана вирално во јавноста.
Што јадеа и пиеја гостите во петокот вечер, во Limak Skopje Luxury Hotel ?

За предјадења беа понудени гибаница со сирење, кајмак, чварки, залучени пиперки, сарма од кисела зелка и Караѓорѓева шницла, додека главното јадење го сочинуваа печено свинско и уштипци. Десертот беше Васина торта во комбинација со српски ликер од орев. Секое јадење беше придружено со далеку познатата српска ракија, како и со белото и црвеното вино „Ѕвонко Богдан“.

Од Limak Skopje Luxury Hotel најавуваат нови тематски вечери на врвно гастрономско и амбиетално уживање, а како следна е мексиканската вечер. (Л.С.)