Две лице нападнале и ограбиле турски државјанин на бензинска на автопатот Табановце -Куманово
Две лица нападнале и ограбиле турски државјанин, вчера на бензинска станица на автопатот Табановце -Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.
Разбојништвото во кумановската полиција го пријавил 22 годишниот турски државјанин М.Ш.К, синоќа во 20 часот.
– Две непознати лица, вчера во 17:00 часот, на автопатот Табановце -Куманово во близина на бензинската станица физички го нападнале и му одзеле ранец во кој имало пари и лични документи по што побегнале, се наведува во соопштението од СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.