Две лица загинаа при спуштање балон во Кападокија


Две лица загинаа, а три се повредени во несреќа со балон во Кападокија, Турција, соопшти канцеларијата на локалниот гувернер.

„Во текот на спуштањето на балонот, кој превезуваше 28 патници и двајца членови на посадата, животот го загубија двајца државјани на Шпанија, а уште тројца Шпанци се повредени“, наведено е во соопштението.

Се додава дека повредените се пренесени на лекување во локалните болници и дека нивните животи не се загрозени, пренесе Ројтерс.

Несреќата била предивикана од неочекувано зголемување на јачината на ветрот при слетувањето.

Летањето со балон на жежок воздух е една од најпопуларните атракции во регионот Кападокија, над долината и вулканските формации познати како „самовилски оџаци“, потсетува британската агенција.