Македонските убавици Ана и Мија на Мис Европа 2022


Во понеделник, на 28 февруари во Бејрут, Либан ќе се одржи изборот за Мис на Европа за 2022 година. Финалистките веќе две недели се во Бејрут, каде се подготвуваат за големото финале.


Нашата држава ќе ја претставуваат две девојки, Ана Брзанова, 22-годишна гевгеличанка и Мија Стерјовска, 18 години, од Скопје, двете членки на Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој најголем европски избор за убавина.

Од студиото им посакуваат добар настап и многу среќа на убавиците и се надеваат на убави вести од Бејрут во понеделник вечер.