Двајца новинари се добитници на Нобеловата награда за мир


Марија Реса од Филипините и Дмитри Муратов од Русија се овогодишни добитници на Нобеловата награда за мир, објавено е во Осло.

Марија Реса е филипинска истражувачка новинарка и основач на независниот информативен портал „Раплер“.

Муратов е главен уредник на рускиот весник „Новаја газета“.

Норвешкиот одбор за доделување на Нобеловата награда за мир, соопшти дека ги наградува „за борбата за слобда на говор што е предуслов за развој на демократијата“.

„Без слобода на говорот и новинарство би било тешко да се промовира соработката меѓу нациите“, наведоа од Одборот.

Престижната награда се состои од златен медал и парична награда во износ од 10 милиони шведкси круни, што е ешто повеќе од 1,14 милиони долари.

Паричниот износ на наградата потекнува од фондот на творецот на наградтаа шведскиот пронаоѓач, Алфред Нобел, кој почина 1895 година.