Два нови соја на коронавирус се во пораст оваа есен: Еден симптом е јасен знак дека сте заразени

Ако се чувствувате лошо, со болно грло и треска, многу е можно да сте се заразиле со еден од новите соеви на коронавирус што циркулираат оваа есен.
XFG, кој некои го нарекуваат Stratus, и NB.1.8.1, познат како Nimbus, сега се најчестите варијанти што циркулираат во Велика Британија, пишува „BBC“. Експертите велат дека овие варијанти не се поопасни од претходните типови на коронавирус и не предизвикуваат потешки симптоми. Сепак, неодамнешните генетски промени што ги стекнал вирусот може да ги направат луѓето поподложни на инфекција.
Дали имате „остра“ болка во грлото?
Вообичаено е вирусите да еволуираат додека се шират меѓу луѓето. Кога промените стануваат значајни, новите видови вируси се нарекуваат варијанти.
Според некои извештаи, најновите варијанти можат да предизвикаат препознатливи симптоми – засипнатост или болно грло опишано како „острица“.
Коронавирусот сепак може да предизвика широк спектар на симптоми, вклучувајќи главоболка, кашлица, затнат или течен нос и исцрпеност, што го отежнува разликувањето од настинка или грип.
Доколку мислите дека имате коронавирус, треба да избегнувате контакт со осетливи лица и доколку е можно да останете дома. Доколку имате симптоми и мора да излезете, се препорачува да носите заштитна маска. Редовното миење на рацете и употребата на хартиени марамчиња може да го намалат ширењето на оваа и други респираторни заболувања.
За болно грло, NHS препорачува многу течности и лажичка мед.
„Нормално е вирусите да мутираат и да се менуваат, и како што ќе бидат достапни повеќе податоци за овие варијанти, ќе имаме подобар увид во тоа како тие влијаат на нашиот имунолошки систем и како можеме да ја оптимизираме заштитата, како и мерките што можеме да ги преземеме за да ги заштитиме најранливите и да живееме што е можно понормално“, изјави Агенцијата за безбедност на здравјето на Велика Британија (UKHSA).
„Врз основа на досега достапните информации, нема докази дека овие варијанти предизвикуваат потешка болест или дека вакцините што се користат нема да бидат ефикасни против нив“, рече д-р Алекс Ален, консултант епидемиолог во UKHSA.