Два гола, три црвени картони: Мексико ја совлада Јужна Африка на отворањето на СП 2026
Во воведниот натпревар на 23. Светското фудбалско првенство, домаќинот Мексико ја совлада вечерва Јужна Африка со 2-0 (1-0) пред 85.000 гледачи на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити во рамки на групата А.
Мексиканската репрезентација тргна офанзивно од самиот почеток и веќе во 9. минута дојде во водство со голот на Кињонес, кој искористи грешка во одбраната на Јужна Африка.
По неколку пропуштени идеални шанси за гол, Мексико ја одвои предноста во 67. минута со голот на Хименез, откако на самиот почеток на второто полувреме Јужна Африка остана со фудбалер помалку на теренот поради исклучувањето на Ситоле.
Co-hosts off to a winning start! 🇲🇽#FIFAWorldCup
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) June 11, 2026
До крајот на натпреварот бразилскиот судија Сампајо покажа по уште еден црвен картон на двете страни, исклучувајќи ги Зване од Јужна Африка во 84. минута и Монтес од Мексико во судиското продолжение.
Стартното коло во групата А ќе биде комплетирано со дуелот меѓу Јужна Кореја и Чешка што започнува во 4 часот по средноевропско време на стадионот „Акрон“ во Запопан.