Два дена свадба во Монако: Се ожени Луис Дукре, синот на принцезата Стефани
Монако– Најстариот син на принцезата Стефани од Монако и Даниел Дукре, Луис Дукре (26) и неговата девојка од студентски денови, Мари Шевалие (26) се венчаа на голема церемонија, а славјето траело два дена. Двојката прво се венчала на цивилна церемонија, во кралската палата во Монако, а потоа и во црква каде во 1956 година се венчаше неговата баба, славната актерка Грејс Кели со принцот Рение Трети.
Луис и Мари студирале во САД-менаџмент.
Принцезата Стефани (54) која за разлика од сестра си, принцезата Каролина и братот, принцот Алберт, ретко се појавува во јавноста заради скандалозното минато, има уште две ќерки: Полин и Камил.
Со Даниел, личниот телохранител, беше во брак само една година. Нејзиното богатство се проценува на 100 милиони долари.