Два чартер лета од Албанија за вакцинирање во Белград
Aлбанската авиокомпанија „Албавингс“ организираше два чартер лета од Тирана до Белград со патници кои се пријавиле за вакцинација против коронавирус во Србија. Оваа можност ја искористија и вработените во авиокомпанијата, пишува „Блиц“.
Гостите од Албанија вчера ги пречека заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ. За бесплатната вакцина против Ковид-19, која Србија им ја обезбеди на странците, постои голем интерес.Вакцинацијата продолжува и денеска.

-Среќен сум затоа што Белград е повторно центар на регионот во кој е договорена соработка. Регион без граници за капитал, движење на луѓе и добра и меѓусебна соработка се начинот на кој сите можеме да живееме подобро. Да се погледне во иднината што треба да биде добра за сите луѓе.
Србија и Белград имаат големо срце и отворена врата за сите наши пријатели од регионот. Ние сакаме да ги споделуваме и доброто и злото со нашите соседи. Денес сме заедно во борбата со пандемијата. Колку побрзо се вакцинираме, толку побрзо ќе започнеме да живееме нормално.Денес сум толку горд на мојот град и фактот дека сите доаѓаат кај нас. Белград е светот!- порача на средбата градоначалникот.
Реакциите на Твитер вчера беа исто така политички, од тоа дека Екатерина Захариева по овие сцени ќе заврши на апарати во болница, па до „Александар Вучиќ Велики“ и „Југославија се обедини“, па и повеќе од тоа бидејќи имало и албански граѓани.