Дури 900 Германци завршија во карантин по приватна забава
По една приватна семејна прослава во германскиот град Билефелд повеќе десетици лица биле позитивно тестирани на корона вирус.
Последицата е драматична, оа 900 лица завршија во карантин.
Поради заразата на прославата повеќе училишта морале да преземат мерки за спречување на ширењето на вирусот, а околу 900 ученици и наставници се во карантин.
Инаку, на прославата досега се заразиле 36 лица, но не се идентификувани сите гости.
Според градските власти бројот на заразени би можел да биде и поголем, затоа што се работело за славење роденден во затворен простор.
Според весникот „Вестфален Блат“, прославата почнала утрото и траела до доцна навечер, а гостите во текот на целиот ден се менувале, па тешко е да се утврди точниот број гости.
Германската канцеларка Ангела Меркел за утре закажа состанок со премиерите на покраините, а тема се мерките против пандемијата, пред се барањето до окрузите да се воведе горна граница за бројот на присутни на приватни забави.