Дури 29.000 лица се гонети за навреда на Ердоган за последните три години


Турските судови процесуираа повеќе од 29.000 лица за навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган во периодот од 2018 до 2020 година, објави во вторникот весникот „Созџу“, повикувајќи се на податоци на Министерството за правда.

Вкупно 9.773 лица се соочија минатата година со судовите, од кои 152 странски државјани и 290 деца, пишува „Созџу“. Од вкупниот број, во 34,4 проценти резултирале со осуда, а во 14,3 отсто имало ослободителни пресуди, додека одлуката за 35,1 проценти од случите била одложена.

Во 2018 година, кога беше воведен извршниот претседателски систем на Турција, 6.326 лица се соочија со судски случаи. Бројот се искачи на 13.990 во 2019 година, пишува весникот.