ДУП за Градска четврт Ц03 – Соборен храм на увид на граѓаните


Фото: Борис Грданоски

Општина Центар од денеска до 23 мај го става на јавна анкета Деталниот урбанистички план за Градската четврт Ц03 – Соборен храм. Ова е уште еден од плановите кои во изминатиов период беа под таканаречениот „мораториум“, а кај кој се направени усогласувања со Генералниот урбанистички план на Град Скопје, но се постигнати и низа измени и придобивки во интерес на жителите на овој дел од Општина Центар, соопшти локалната самоуправа.
Планот ќе биде изложен секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во просториите на ООУ „Коле Неделковски“ на ул.„Антоние Грубишиќ“ бр.8.
Сите заинтересирани физички и правни лица кои сакаат достават предлози и забелешки во однос на истиот ќе можат да го направат тоа преку анкетни листови кои треба да ги достават во училиштето, но и по електронски пат на [email protected] и веб-страницата на Општина Центар, www.centar.gov.mk.
Јавната презентација на планот ќе се одржи на 15.05.2019 (среда) во 13:00 часот во Општина Центар.