ДУИ: Во Министерството за одбрана 10 од 10 директори се Македонци
ДУИ реагира на објавените официјални податоци објавени од Министерството за одбрана кои покажуваат дека сите десет директори во Министерството се Македонци, додека ниту еден Албанец не раководи со директорат.
-Овој дисбаланс претставува сериозно нарушување на принципот на правична и соодветна застапеност,еден од темелите врз кои се изградени институционалната стабилност и меѓуетничката доверба во државата.
Безбедносниот и одбранбениот систем бара доверба, рамнотежа и учество на сите заедници во процесите на одлучување. Исклучувањето на Албанците од највисоките раководни позиции ја поткопува довербата во институциите, создава чувство на маргинализација и го доведува во прашање мултиетничкиот карактер на институциите задолжени за безбедноста на сите граѓани.
Особено загрижува молкот на Влен. И покрај учеството во власта, тие не успеаја да обезбедат ниту минимална застапеност на Албанците во клучните институции на безбедносниот сектор. Недостигот на резултати говори за неспособност да се заштитат интересите на Албанците и за политичка заробеност што ги остави без капацитет да се спротивстават на ваквите одлуки.Правичната застапеност во безбедносните институции претставува предуслов за доверба, стабилност и долгорочна безбедност на Република Северна Македонија, оценуваат од ДУИ.