ДУИ ја изгоре идејата за прв претседател Албанец, тврди албанаската опозиција
Здржената албанска опозиција „Вреди“ оценува дека изборниот слоган на ДУИ за прв алабaнски претседател бил празна флоскула, која интегратиците ги измислуваат во текот на изборните кампањи и ги забораваат после изборите. „Можеби некогаш беа пријатни, меѓутоа денес се станати патетични, па дури и цинични“влеат од „Вреди“.
Спосред коалицијата „вистината е дека идејата за првиот албански претседател ја изгореа токму ДУИ и Али Ахмети. Како што веќе јавноста знае, коалицијата ‘Вреди’ уште од почеток изјави дека овој пат добро е да имаме само еден албански кандидат, бидејќи, како никогаш досега, во овој изборен циклус отворена е можноста да има претседател Албанец. Знаејќи дека Али Ахмети и порано изрази подготвеност да ја поддржи кандидатурата на Арбен Таравари за претседател, додека тој беше дел од владиното мнозинство, ова беше поттик повеќе коалицијата да го кандидира токму Таравари, притоа верувајќи дека на тој начин ќе има поддршка и од ДУИ. Освен што се обидуваат да ја крадат идејата на албанската опозиција за ‘претседател Албанец’, тие – кандидирајќи го Бујар Османи – на директен начин ја нападнаа и саботираа остварливата можност за претседател Албанец“.