Дуа Липа и Пријанка Чопра носеа легендарни дијаманти на Мет Гала
Њујорк– Многу од тоалетите на годинешниот црвен килим на Мет Гала беа еднобојни, при што повеќето гости се одлучија за црно-бели дизајни со изобилство на бисери во чест на покојниот Карл Лагерфелд. Меѓутоа, одредени ѕвезди го засилија сјајот и бојата преку префинетиот накит. Боливудската актерка со холивудска кариера и ексмис на светот, Пријанка Чопра Џонас, го украси својот богат фустан на Валентино со ѓердан со синиот дијамант Булгари Луна.
Замислен како почит на родниот град на Булгари, Рим, дизајнот на ѓерданот ебазиран на ловоровите венци што ги носеле римските императори, со дијаманти слични на лист, поставени во злато, но неверојатно ретката Лагуна од 11,6 карати е поверојатно дека ќе потсетина Титаник отколку на Тит. Помеѓу најретките бои за дијамант, синиот камен првпат БУлгари го постави во прстен за приватен колекционер во 1970 година. Дијамантот ќе се најде на аукција на Неделата на луксуз на Сотби во Женева подоцна овој месец, со понуди кои започнуваат од 25 милиони долари.

Поп-ѕвездата со косовски корени, Дуа Липа, пак, го спои својот архивски невестински изглед – првично носена од Клаудија Шифер на пистата на Шанел есен/зима 1992 година – со легендарниот дијамант од повеќе од 100 карати на Tiffany & Co, исечен да личи на славниот Tiffany Diamondburn кои хо носеле Одри Хепбурн, Бијонсе и Лејди Гага.
Меѓутоа, Липа е првата и единствена ѕвезда што ја имала честа да го носи легендарниот камен, поставен во ѓерданот Lucida Star на Tiffany & Co., кој вклучува 100 дополнителни карати дијаманти. Тешко е да се замисли подобро место за деби на дијамант од Мет Гала.

