(Видео) Драма во Британија: Камион прегази луѓе, тројца загинаа – полицијата го блокираше градот


Три лица се убиени, а еден маж е уапсен во британскиот град Нотингем. Полицијата блокираше дел од градот, а настанот беше окарактеризиран како „голем инцидент“.

Во Нотингем, Велика Британија, три лица загинаа на улица. Полицијата затвори дел од градот, уапсен е маж, јавуваат британските медиуми.

Полицијата добила повик во четири часот наутро кога и било кажано дека две лица се „починати на пат“. Набрзо биле повикани на уште еден инцидент на неколку километри, каде комбе се обидело да прегази три лица. Моментално се на болничко лекување, а во близина е пронајдено и трето починато лице.

Полицијата уапси 31-годишен маж под сомнение за убиство и тој моментално се наоѓа во притвор.

Шефот на полицијата Кејт Мејнел рече дека веруваат дека инцидентите се поврзани. „Ова е страшен и трагичен инцидент кој ги однесе животите на три лица.

„Истрагата е во рана фаза и ние точно утврдуваме што се случило“, рече Мејнел, додавајќи дека патиштата ќе останат затворени.

Во вонредната акција затворени се шест патни правци, а запрена е и локалната трамвајска мрежа, а акцијата ја координирале националните меѓуагенциски службеници за врски. Службите за итни случаи пријавиле „сериозен инцидент“ на неколку локации, соопшти полицијата во Нотингемшир.

На граѓаните им беше кажано да ја избегнуваат областа.

Во полициското соопштение се вели: „Повеќе патишта се затворени низ градот додека се истражува инцидентот. Се замолува јавноста и возачите да ги избегнуваат следните области и да планираат алтернативни рути.

Драматично видео покажува двајца полицајци како совладуваат човек на тротоарот покрај бело комбе, кое има отворена влезна врата.

Дејли меил пишува дека центарот на градот останува затворен, со десетици одредни возила, противпожарни возила и амбулантни возила на местото на настанот, заедно со специјалци со панцири.

Сведок изјави за GB News дека слушнал како истрели од огнено оружје пред да види како вооружената полиција апси маж откако го извлекла од бело комбе околу 5.30 часот.

Од комбето биле земени ранец и многу голем нож, а мажот давал отпор при апсењето, рече сведокот – додавајќи дека инцидентот се случил на патот Бентинк.

Мажот носел капа, а сведокот, кој не сакал да биде именуван, не можел да му го види лицето.

„Се разбудивме утрово околу 5.30 часот од она што звучеше како истрели од огнено оружје , а вооружената полиција истрча од нешто што изгледаше како прикриен автомобил“, изјави сведокот за GB News.