Драган Ѓилас заврши во болница: Го тепаше група луѓе кои лепеа плакати


 

Лидерот на српската опозициска Партија на слободата и правдата, Драган Ѓилас, и неговиот сопартиец Ѓорѓе Алексиќ се повредени откако биле нападнати од група луѓе кои лепеле плакати на кои опозиционерите се претставени како крадци, а кои деновиве се појавуваат низ цел Белград.

„Дојдовме да ги прашаме зошто го прават тоа, зошто поставуваат плакати кои ги луѓето, а тие навредуваат некого, за кои со години тврдат дека не се нивни, но како што гледате – тие се нивни, а Вучиќ стои зад нив. Пред неколку години беа залепени за училиштето каде што одат моите деца“, изјави претседателот на ССП Драган Ѓилас по прегледот во Ургентниот центар, пренесува Н1.

Ѓилас тврди дека Лука Петровиќ, градскиот секретар за инвестиции и член на Српската напредна партија, му рекол дека е „крадец“ и затоа лепел плакати, а после тоа првпат го удрил.

„Тоа не беше тепачка – сигурно не бевме ние двајца што дојдовме да се бориме со десетмина од нив“, рече Ѓилас.

„Ме удираа неколку пати. Се браневме колку што можевме, на крајот ме соборија на земја. Ѓорѓе се обиде да ме заштити, и него го тепаа повеќе од мене. Кога заврши работата, тие отрчаа по улицата без проблем “, вели Ѓилас.

Ѓилас вели дека еден од соседите се симнал и рекол дека низ прозорец видел што се случило и изјавил дека таму се нивните автомобили – „мерцедес“ и уште два други паркирани автомобили.

„Ова е нешто што се случува низ цела Србија. Вечерва ми се случи мене. Има толку многу претепани луѓе сите овие години, во полоша ситуација од мојата. До вечерва мислев дека тоа што сум пратеник и лидер на опозициска партија ме штити – очигледно не се воздржуваат од ништо. Можам само да ги советувам луѓето да го чуваат мирот и животот затоа што човечката глава е повредна од сѐ“, рече лидерот на ССП.