Со цистерни се носи вода во Драчево, Пинтија, Лисиче поради дефект


Во текот на вчерашниот ден на ул. Борис Трајковски бб, во Општина Кисела Вода, настана дефект на водоводна цевка со профил Ф600, при што екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, веднаш пристапија кон санирање на истиот.

При санацијата на дефектот, беа откриени уште неколку дефекти на спојните делови на цевката, а како резултат на сложеноста на теренот каде се работи и видот на дефектите, санацијата продолжи во текот на целата вечер и денешниот ден. Во моментот екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје го санираат четвртиот дефект и ќе останат на терен, се до целосно
отстранување на истиот.

За граѓаните кои живеат во тој регион, обезбедени се 2 цистерни со питка вода и уште 2 цистерни со техничка вода.

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска поради уличниот дефект ф-600 мм на Борис Трајковски бб (пред мостот во Драчево), повторно ќе кружат цистерни со за питка вода за граѓаните.

Распоредот на цистерните за питка и техничка вода е следен:

Усје 09-10 часот
Пинтија 10-11 часот
Батинци 11-12 часот
с. Драчево 12-13 часот
н. Драчево 13-14 часот
н. Драчево 09-10 часот
с.Драчево 10-11 часот
с. Д.Лисиче 11-12 часот
с. Студеничани 12-13 часот
с. Морани 13-14 часот

Зависно од населеното место цистерните ќе бидат лоцирани пред училиштата и градинките или на главната улица доколку се работи за засегнатите села.