Доналд Трамп Џуниор пристигна во Белград, во план е средба со Александар Вучиќ

Доналд Трамп Јуниор, синот на американскиот претседател, слетал во Белград со авион и се очекува да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, јавуваат медиумите во оваа земја.
Ова не е првпат да е во Србија, бидејќи таму беше во септември за време на деловна вечера на која тема беше „инвестициите и атрактивноста на деловното опкружување на регионот и Србија од перспектива на инвеститорите од Соединетите Американски Држави“.
Таа вечер не присуствуваше ниту еден претставник на српската влада.
Доналд Трамп Џуниор официјално не е дел од актуелната американска администрација, или подобро кажано, не е на официјална функција, но тој е клучна фигура во испраќањето јасни пораки преку социјалните мрежи, каде што има милиони следбеници.
Засега не се познати повеќе детали што точно прави во српската престолнина и со кого ќе се сретне, освен со Вучиќ.