Домот на Иванка Трамп и Џаред Кушнер во Вашингтон се изнајмува за 18 илјади долари месечно
САД– Како и остатокот од кланот Трамп, Иванка Трамп и Џаред Кушнер, наводно, се преселиле на Флорида по инаугурацијата на претседателот Џо Бајден. Сега, нивниот поранешен дом во Вашингтон пак се изнајмува ама за 18 илјади долари месечно, објави „Вашингтон бизнис журнал“.
Куќата од 5.000 квадратни метри е во раскошната населба Калорама во северозападен Вашингтон каде извршниот директор на Амазон, Џеф Безос поседува замок од 23 милиони долари и каде се преселија поранешниот претседател Барак Обама и Мишел Обама откако Обама ја напушти функцијата.
„Тоа е суперблагородна населба“, изјави агентот за недвижнини Родриго Валдерама. “Тоа е на една минута со автомобил до куќата на потпретседателот. Џеф Безос живее на неколку блока подалеку, а Обама буквално живее на паралелна улица, дури ни на еден блок подалеку”.
Трамп и Кушнер се преселија во домот во јануари 2017 година, непосредно откако Доналд Трамп беше избран за претседател, плаќајќи наем од 15 илјади долари месечно. Изградена е во 1923 година, куќата била целосно реновирана не долго пред да се всели двојката. Куќата има шест спални, седум бањи и приватен двор и внатрешен двор.
„Внатрешноста беше многу убаво направена, многу модерна“, рече Валдерама. „Тоа е постара куќа, но внатрешноста беше целосно реновирана“.
Двојката потпиша закуп за „голем, ненаместен апартман“во Мајами Бич на најмалку една година, објави Волстрит журнал претходно овој месец.
Тие, се претпоставува дека го изнајмуваат апартманот додека градат дом на имот од 32 милиони долари што ги купија во декември на приватно островче во Мајами со висока безбедност, познат како „Бункер за милијардери“.
Поранешниот претседател Доналд Трамп и Меланија Трамп го напуштија Вашингтон неколку часа пред инаугурацијата на Бајден и се сместија во клубот на Трамп, Мар-а-Лаго. Во јануари, Њујорк пост објави дека Доналд Трамп помладиот и неговата девојка Кимберли Гилфојл барале куќа во Јупитер, Флорида, додека Пејџ Шест објави дека Тифани Трамп бара имот во Мајами.(Инсајдер)