Долгот на Црна Гора изнесува 87,39 проценти од БДП

На крајот на јуни годинава, вкупниот државен долг на Црна Гора изнесуваше 3,66 милијарди евра или 87,39 проценти од бруто домашниот производ (БДП), покажуваат податоците објавени на веб -страницата на Владата на Црна Гора.
Надворешниот долг изнесува 3,1 милијарди евра, или 74,05 проценти од БДП, додека внатрешниот долг е нешто повеќе од половина милијарда евра, или 13,34 проценти од БДП, пренесува порталот CdM.
Според валутната структура, 78,10 проценти од вкупниот долг е долг во евра, 19,08 проценти во долари, а остатокот отпаѓа на други валути.