Дојави за бомби во ТЦ „Бисер“, „Ист гејт“, Транспортен центар, „Флатрон“ и ПС Центар (Видео)
Како што потврдија од МВР за „Независен“ во повеќе објекти во Скопје утрово има дојави за поставени бомби
Дојави за бомби во повеќе објекти има утрово, а полицијата интервенира и во „Ист Гејт мол“.
Како што потврдија од МВР за „Независен“ во повеќе објекти во Скопје утрово има дојави за поставени бомби.
– Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатрон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Според еден граѓанин кој се нашол во ТЦ „Ист гејт“, ги замолиле да излезат од објектот околу 10.30 часот. Им било кажано да бидат најмалку 11 метри од објектот.
Утрово, дојави за бомби има и во повеќе скопски средни училишта. Учениците и вработените се евакуираат.
Ова е прв пат да има дојава за бомба да има за трговски објект.
До сега, вакви хибридни закани има за училиштата во земјава, а за прв пат минатата недела имаше и за една институција – Народната банка.
Граѓаните на Скопје кои чекаат автобус кај Транспортен центар прашуваат кога ќе ги има, затоа што сѐ е затворено поради евакуацијата на Железничката и „Ист гејт“.