Додека ја следеле мисата, 27 граѓани побарале лекарска помош
Од граѓаните кои ја следеле мисата на Папата на скопскиот плоштад, 27-мина побарале лекарска помош. За среќа не станува за сериозни случаи, туку за луѓе кои имале проблем со крвниот притисок или истоштеност.
На овие граѓани им помогнале екипи на Брзата Помош како и волонтери од Црвен крст.
Две екипи на Брзата Помош го следеа и движењето на папата Франциск низ градот, а покрај него ќе бидат се додека не замине од скопскиот аеродром.