Добротворна модна аукција во Скопје – домашни дизајнери ја поддржаа кампањата „Денови за донирање”
Забава, мода и филантропија!
Ве покануваме на добротворна модна аукција на дизајнерски облеки од Prêt-À-Porter & Haute Couture во друштво на филантроп(к)и и вљубеници во модата. 12 истакнати домашни дизајнерки и дизајнери ја поддржаа кампањата „Денови за донирање” на Конект во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, и донираа прекрасни модели за овој настан.
Ќе имате можност да наддавате за вашето омилено парче и да придонесете за подобар живот во нашите заедници. Сите средства ќе се вложат во донаторскиот фонд на Конект за организации што посветено и транспарентно работат на промена во животите на нашите сограѓани за подобра едукација, достоинствена работа, вклученост на најранливите и добро здравје.
Модната аукција ќе се одржи в среда 01.11.2023 од 20 ч во Скопје, Intermezzo. Водителка на настанот е Ирена Спировска, а аукцијата ќе ја води гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање” Огнен Јанески.