ДКСК нема да постапува по пријавата за вработување на сестрата на министерот Зоран Љутков

Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси на денешната седница ја отфрли пријавата против министерот за култура и туризам Зоран Љутков која се однесуваше на вработување на неговата сестра.
Во реферирањето на случајот со вработувањето Народниот музеј во Велес беше наведено дека Љутков не можел да влијае или да биде вклучен во постапката за вработување, со оглед дека основач на установата Народен музеј е општина Велес и таа е под ингеренции на локалната самоуправа.
Меѓу останатото на седницата беше кажано дека сестрата на министерот Љутков е вработена со договор на дело, а не како што е наведено во пријавата на неопределено време, а со тоа и постапката за нејзино ангажирање не била повредена. Ова беа главните аргументи врз основа на кои ДКСК изгласа одлука за запирање на постапката против министерот за култура и туризам Зоран Љутков.