ДКСК избира заменик претседател, членовите ќе постапуваат и по конкретни предмети

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска ќе ја одржи 14-та седница на која треба да биде избран заменик претседател на Комисијата.
Актуелниот состав на ДКСК беше избран на 22 декември 2023 година, а својата работа ја започна пред нешто повеќе од една година односно на 2 февруари 2024 година. Претседател на ДКСК е Татјана Димитровска, а нејзини членови се Зоран Богоевски, Сервет Демири, Софија Спасова Медарска, Цвета Ристовска, Бесник Џемаиљи и Билјана Каракашова Шулев.
На дневен ред на 14-та седница се исто така постапување по конкретни предмети, а како последна точка се прашања и предлози.