Дизелот поскапува за 6,5 денари, а бензинот 4,5
Нафтените деривати од полноќ ќе се продаваат по значително повисоки цени, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги зголеми малопродажните цени во просек за 4,85 проценти.
Согласно новата одлука, најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 6,50 денари, па литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 98,00 денари.
Цените на бензините се бележат раст од 4,50 денари по литар, со што ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 91,50 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 93,50 денари/литар.
За 6,00 денари по литар поскапува Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) и неговата нова цена ќе изнесува 98,50 денари, додека новата цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,726 денари/килограм.
Клучните фактори за корекцијата се зголемените референтни цени на нафтените деривати на берзите (бензини +8,983%, дизел +10,979%, екстра лесно +9,801%, мазут +0,871%), како и промената на курсот на денарот во однос на доларот (-0,2247%).
И во оваа одлука РКЕ ја продолжи мерката за намален износ на акцизата (2,00 ден/лит за бензините и 4,00 ден/лит за дизелот).
Од регулаторот потсетуваат дека ова се максималните дозволени цени, но трговците имаат можност да ги продаваат горивата и по пониски цени од утврдените.